Мицковски: Петтиот пакет мерки е неразвоен, четвртиот беше лош, третиот катастрофален, вториот апокалиптичен, а првиот армагедонски, Заев ја сврте историјата против нас, во асном комунистите не осакатија идејно и територијално, ништо не остана, во Преспа го загубивме идентитетот, со Тиранската платформа го загубивме тоа што по втор пат ќе го загубиме во Преспа, во договорот со Бугарија го губиме тоа што го загубивме во Тиранската платформа, губиме се, губиме по милион пати тоа што еднаш сме го загубиле, го бетонираме губитокот на националниот идентитет, на државата, не одете на вонредниот конгрес на вмро оти може да се случи да престанете да губите, ние во вмро сме оптимисти, никогаш нема да престанеме да ве потсетуваме дека го губите идентитетот затоа што губитокот е вашиот идентитет, губитоците се коски на нашиот костур и месо на нашите коски, ако ме смените мене, се ќе престанете да губите за секогаш, размислете околу таа опасност што ве демне во март.
ФБ статус на Бранко Тричковски