Градоначалникот на Прилеп: Згрозен од вчерашната намера на опозициската ВМРО-ДПМНЕ

„Како градоначалник и како лекар, но пред се’ како човек, мора да кажам дека сум згрозен од вчерашната намера на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која злоупотребувајќи ја состојбата со коронавирусот, се обиде да внесе нови поделби помеѓу граѓаните од нашата општина. Никој нема право да стигматизира и да дискриминира една етничка заедница, дека токму тие се најпогодени од коронавирусот, во случајот Ромите од населбата Тризла. Сакам да потенцирам дека од болеста подеднакво се погодени граѓаните од сите етнички заедници: Македонци, Роми, Турци и останатите. Процентот на заразени граѓани во Тризла 2, е ист како и процентот на заразени граѓани во другите Урбани заедници: Центар, Вишне, Ѓогдере и другите“, изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, коментирајќи ја вчерашната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, од каде се обидоа прилепската населба „Тризла“, каде живее населението од Ромска етничка заедница, да ја лоцираат како ново жариште на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e