Гошев: Изборот е препород или бавно умирање – последново е најтешко

Aпокалиптични сценарија можеби нема да се случат но нашиот избор, всушност, се движи меѓу тивкиот препород и бавно и секојдневно умирање. Последново е најлошо – коментира поранешниот гувернер на Народната Банка Петар Гошев за НОВА ТВ за економските перспективи на Македонија кои се поврзани со исходот од претстојниот референдум, членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

Гошев вели прв услов за добра економија е безбедносна и политичка стабилност и само економски раст може да го запре егзодусот на населението.
„Треба се да сториме, референдумот да успее. Неуспехот ќе значи дека сами сме ја отфрлиле приликата да му се придружиме на најразвиениот дел од Планетата (и воено и економски). Сетете се некогаш беше дел бевме дел од економско-политички ситем кој немаше изгледи на опстанок, но во земја која од воено-безбедносен аспект не беше лесен плен за шокови однадвор; бевме и земја, во друштво на најсиромашниот дел од светот. Резултатите ни се познати. Би била непростлива лудост сега сами да си го минираме патот и можноста за друштво со најуспешните земји“ вели Гошев.

„Прв услов за добра економија е безбедносна и политичка стабилност, прецепција и увереност на остатокот од светот дека долгорочно ќе бидеме стабилен дел од Планетата. Претстојните интеграции сигурно ќе бидат поттик за економскиот развиток на земјата, притисок за хармонизација на економскиот и политичкиот систем на земјите во во тие интеграци, а тоа бездруго е и услов да ја зголемиме нашата, во овој момент исклучително ниска општествена продуктивност.

Само економски раст, животен стандард конкурентен на остатокот од светот, политика на релативна правда и правичност, може да го запре најновиот егзодус на граѓаните на Македонија. Нема економски раст без одржување и раст на населението. А без население, нема никаков идентитет.

Апокалиптичните сценарија за „судниот ден“,наводниот “самрак на нацијата“ и ветувањата за “волшебен препород“ кои ги слушаме во кампањата “ЗА“ и “Против“ референдумот нема да се случат. Зашто, нашиот избор, всушност, се движи меѓу тивкиот препрод и бавното и секојдневно умирање. Последново е најлошо“ изјави за НОВА ТВ Петар Гошев, поранешен министер за финансии и гувернер на НБМ.

Повеќе тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e