Горан и смртта

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:

-Што му може смртта на еден голем автор? Нему ништо, уметноста ги чува своите великани во утробата на бесмртноста. Но, нам останатите, дали биле негово семејство по крв, по соништа, или по занает, дали биле негови комшии или ученици, или просто уживатели на неговите дела и на неговиот уметнички бит, нам ваквата загуба ни може сè – да нѐ фрли во бескрајна тага, да ни остави огромна празнина во душата, да ни израсне грутка диво месо во грлото…

Смртта е подла. Таа е демон што оперира од Дебар Маало, па сè до крајот на светот… Таа е црна дупка… Бесконечен лет во место… Огнен јазик што ќе те дофати и ќе те изгори каде и да си, ако само реши…

А Горан Стефановски, најзначајниот македонски „чирак на Шекспир“, кој вчера замина од овој свет во вечноста, веројатно би го додал и ова: Оставете тоа, Смртта е, пред сè, драматург!

Вие гневни и тажни ќе плукате по нејзините драми и по ужасот што ви го предизвикуваат, а тој мирно ќе ве поправи: Не, нејзините драми се занаетски совршени! Зашто нема од неа повешт поставувач на стапици за нејзините главни ликови! Смртта е заплет, моќен заплет, со изненадувачки крај!

Koлумната на Сашо Кокаланов во целост прочитајте ја  ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e