-Анкетата на ИРИ уште еднаш и по којзнае кој пат потврдува дека владеењето на правото, борбата со корупцијата и администрација во служба на граѓаните се предизвиците кои остануваат (неадресирани). Затоа референдумот мора да успее, за конечно да може да се ослободиме од разноразните тривијалци, мешетари, лимитирани, силеџии, неизживеани момчиња и медиокритети во политиката чии цели не се насочени кон подобрување на животот на граѓаните, туку кон реализирање на личните агенди и многу често, длабоки фрустрации. Ретките исклучоци се подразбираат и фала богу и така малку што ги има. Е потоа…потоа фино лепо и без двоумење да заигра камшикот, ама оној на кадарните, демократите и правдољубивите. Па конечно како општество здружно да се фатиме за работа. Вистинска работа, не влог во перцепции дека нешто некој за некого прави и демек нешто работи. Моите ставови за референдумот од оваа позиција се јасни и отворени. Поддршка не само заради нас по дома, туку и заради мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, па ако сакате и на континентот. Огромна е нашата одговорност дечки. Поголема од нас самите, поголема од границите во кои живееме.
ФБ статус на Сашка Цветковска – новинар