Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:
-Ќе се играат продолженија, два пати по шест месеци, пред Македонија да се квалификува за следната фаза на патот кон ЕУ. Можеби тоа е разочарувачки за сите кои мислеа дека во следната фаза се влегува само со добра игра на туѓата половина, но очигледно за добар настап на големите настани, потребна е организирана игра и на сопствената половина.
Жива среќа што на наша страна имавме играчи со германски менталитет, зашто без нивната филозофија да се игра до крај, до последниот свиреж, најверојатно немаше да извлечеме ниту нерешено за продолженија. Голот со пета што го постигнавме во последните минути од мечот и со кој го анулиравме спорот за името не беше доволен за победа, но беше драгоцен за да останеме во игра и натаму.
Што се однесува до продолженијата, фокусот на публиката и во Европа и во светот не случајно е ставен врз судењето. По сè што изгледаа од нас, нема да има веќе прогледувања низ прсти. Од судиите се бараат конкретни санкции за сите опасни прекршоци и нанесени повреди. Тоа, во превод, значи дека ако сакаме да одиме натаму, судиите ќе мора да продолжат да се служат со ВАР-технологија во своите судници, односно пресудите да се носат откако ќе се прегледуваат снимки и ќе се преслушуваат разговори.
Koлумната на Сашо Кокаланов во целост прочитајте ја ТУКА.