Гога по изборите ќе добие, заедно со Мицко, нога

Силјановска-Давкова е типичен претставник на непобедениот дел од режимот на Груевски, кој остана до денес на власт во ликот на Иванов и кој им се спротивставува на сите промени што се случуваа по формирањето на новата влада.

Toј дел од режимот на Груевски, кој ја кандидира неа за претседател под слоганот „Правда за Македонија- Татковината повикува“, всушност, повикува на политичка одмазда за изгубената власт и на одмазда кон сите во соседството и во светот што помогнаа да дојде до договорот со Грција.. Тој дел од режимот на Груевски сака да ја врати Македонија на почеток од преговорите со Бугарија и Грција, пред „Шарената револуција“, пред формирањето на СЈО и пред промовирањето на Македонија како едно општество на рамноправни граѓани.
Тие отсекогаш биле за „разумен компромис“ со Грција, но никогаш не кажале што подразбираат под тоа и како може да се постигне. Никогаш нема да слушнете од нив зошто не направија подобар компромис со Грција во 11-те години додека беа на власт или објаснување како тоа би го направиле во иднина и со чија поддршка во светот. Тие само знаат дека можеле подобро да ги решаваат проблемите на земјава, плачат како Калимеро дека немало правда и ветуваат некаква имагинарна правда за Македонија ако им биде доверена власта. Тие се всушност за „Брегзит“ на Македонија уште пред таа да стане членка на НАТО и на ЕУ.
Ако успеат да го излажат овој народ тогаш вистина ништо подобро и не заслужуваме.
А Блерим Река кој се залага за исти нешта како и Пендаровски, е влезен во игра со Села и Касами, со која преку освојување на определен број гласови во првиот круг може само да ги охрабри оние кои искрено се залагаат за запирање на евроатланските процеси во Македонија. Тој е на добар пат, со „најдобри намери„ да направи од готово вересија по што Села и Касами искрено ќе му се заблагодарат.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e