Години на опасно живеење

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа:

-Целата неодговорна и опасна реторика за делење на политичарите и јавно ангажираните интелектуалци, па дури и обичните граѓани или членови на цели општествени и политички формации, на „предавници“ и „патриоти“, на која со години инсистираат највисоките и сите други ешалони на македонските националисти, мора итно и неодложно да престане!
Во репертоарот на политички дисквалификации и навреди, доколку веќе се инсистира на тоа, има доволно понижувачки и омаловажувачки квалификативи – на пример: лажго, глупав, прост и сл. – кои се доволно непријатни, но далеку побезопасни, отколку некого, од сопствената позиција на „патриот“, да го оквалификувате како „предавник“.

Бидејќи, дури и прашањето за тоа дали некој ја говори вистината (лажго!) или дали е доволно квалификуван, образован или воспитан за водење на одредена расправа (глупав!; прост!; и сл.) е подложно на одредена аргументација и „натпревар“ во докажување на спротивставените ставови. Но, суштината на обвинувањето за национално или идеолошко „предавство“ е дефинитивна, маневарскиот простор за водење на таквите расправи ги буди најниските страсти кај оној кој обвинува и ги активира основните одбранбени инстинкти кај оној кој е обвинет, а тоа не дозволува разумна размена на мислења и аргументи. Од таквото обвинување, до отворената закана по сигурноста и здравјето на опонентите, па дури и на членови на нивните семејства, дистанцата е молскавична, тоа речиси „природно“ води од зборови и закани, кон физичко насилство.

Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја  ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e