(безобразна народна фора, а жива вистина)
Ова јас не сум го измислил. Јас само пренесувам што сум чул пред самопослуга, така да немој мене да ми викате дека сум непристоен, вулгарен и неваспитан ајван. И немој сите да ми се правите културни на сила кога сум сигурен дека вон јавниот живот не вадите од уста ‘‘ пичка мајчина‘‘ и останат арсенал од пцовки. Идемо даље! Во колумнава ќе се бавиме повеќе со онаквото у газот отколку со главата во јазот.
ГЛАВАТА ВО ЈАЗОТ / “ The life of Brian” Monty Python
И по дваесет и седум години современо постоење Македонија не успеа да излезе од детските болести на ново научената демократија која функционира по системот ‘‘ није алкохол за децу‘‘. Тркалото на современото живеење требаше до сега да ја поведе нашава земја зад седум ридови напред и да се гордееме со неа, ама како,.. кога цело време како кој стигне и буши гуми и наместо да си играме цело време со мењачот ‘‘ трета-четврта‘‘ брзина, ние се бавиме со лепење пробушени гуми. Сите тркала ни се со лепенки и ‘‘ бајлаци‘‘. Криминал, корупција, промашени инвестиции, тотално неединство, несигурност, неизвесност, страв, омраза, бруталност, примитивизам, душевна и културна беда, проституција на сите нивоа. Не е самоо ( ај да простите ) онаквењето проституција. Не е се во гаките, има нешто и у главата, а башка и во џебот. Сето тоа прелиено со недовршени и некомплетни национал романтистички соништа за големи народи стиснати на еден мал простор, исто како кога во еден мал чамец на дување ке седнат неколку ‘‘ шкембари‘‘ и наместо да веслаат они прдат под вода сметајки дека кломбурците од прдењето ке го раздвижат чамецот напред. Ни Бастер Китон, ни Чарли Чаплин не можат да измислат таква бурлеска каква што ја живееме ние. Плејада од ‘‘ препаметни луѓе‘‘ се горди на себе си затоа што добро го разбираат и го обожаваат хуморот на Монти Пајтон, а во својата малечкост и беда не разбираат дека токму они се актерите на кои им се смејат! И така, наместо државава да има два милиона луѓе горди на себе си и државата, имаме два милиона ‘‘Брајана‘‘! Треба поголема елаборација зашто главата ни е во јазот!? Јазот е темнина! Јазот е страшна работа ако само помислиш дека те спречува да дишеш, да гледаш напред, да одиш, да бидеш слободен.
ЈА ИЗЛЕЗИ ЃУРЃО, ЈА ИЗЛЕЗИ СЕСТРО
Каде? Излези мори и кажи еднаш сакаш ли да бидеш анама и да се мужиш или ке останеш стара мома па после ти ке молиш да те земат. Ни патник намерник нема да ти рипне кога никому нема да му требаш. Те препознавам во вицот за една селска убавица ( мераклика) која за да и влезеш у куќа и да се омрсиш треба да донесеш ново рало опинци. И така, со времето си наполнила соба се со опинци. Кога ја прашала другарка и зашто е така она рекла:.. Е па сега додека они ме молат да спиеме јас им барам опинци, а кога ке остарам и нема да ме биде, јас ке им нудам нови опинци за да ме онакват! НАРАВОУЧЕНИЕ,.. е па сестро додека се бавиш ти со опинци, тие што онаакват се пребациле на NIKE i ADIDAS, па тебе опинците нека ти останат аманет! Седи дома ќути и чекај некој да те бара после! После…?! После ‘‘кој те ебе‘‘! После само можеш со својата полуписменост да пишуваш мемоари за својата младост и да се перчиш дека некогаш си била убава, млада, кадра способна да рушиш планини, ама те заебале ‘‘ клетите шпиуни‘‘! Кои црни шпиуни ма Ѓурѓее!! Името на песнава е фигуративно спомната, мене ми е омилена, не сакам да предизвикам ‘‘ гигапатриоти‘‘ да просераваат ‘‘ види шиптаров маме му ебам ми богохули песна‘‘! Будали! Ја обожавам!
ОНАКВОТО ВО ГАЗОТ / е, ту смо најебали ко‘ жути мрав!
Америка со својата империјаалистичка ‘‘Coca – Cola” политика е диригентот на новиот светски поредок кој спакуван во целофан насекаде носи ‘‘ мир и демократија‘‘ во интерес на земјите кои немаат петле да им кажат ‘‘мрш бре у ПМ‘‘! Имаме ние петле! Не! Ние сме динствената земја која има фраза која не вели дека треба да имаш ‘‘ јајца‘‘ ,.. него треба да имаш ‘‘ Г‘с‘‘! НАТО и системите кои на глобалистички начин држат контрола над планетарниот простор не прашуваат ‘‘ сакаш-не сакаш‘‘ туку на еден начин кој плени во свилени бели ракавици ти дава до знаење дека ако не си кооперативен тогаш најблаго речено ‘‘ јебо си јежа‘‘! Ние одамна ке бевме у НАТО и ако некој рече дека не е вистина тој нека сади патлиџан а не да бори а геополитика. Ние никогаш не сме си имале проблем со името! Грците имаат! Ама! Треба ли да се црта некому дека тоа е земја на која и се спротивставуваме знаејки дека низ цела историја е ‘‘ дужна ко Грчка‘‘ а никогаш не пропаднала, дека имаше кандидат во трката за претседател на Америка ( знаеш кое лоби е тоа?!?), дека е медитеранска земја на која Америка секогаш смета дека може ‘‘ да паркира‘‘ некоја нуклеарна подморница или носач на авиони. Дека е земја со најголема поморска флота со иљада острови и дека Оназис му ја има онаквено жена му на Џон Кенеди! Ало бре! На кого му идеш контра ти!!! Секако, тоа не треба да значи дека априори треба да ги спуштиме гаките!
И?…. ‘‘ШУПРАЈМЕ МОР‘ МОМЕ‘‘?
Е, прајме машко дете! Изборот е следен. Он ти дава опција ‘‘ да постоиш‘‘, оти ако не ја избереш таа опција, он нема да ти рече ништо, ке рече ‘‘ вие сами си ја кроите судбината како суверена демократска земја‘‘. И? И тек тогаш ти започнуваат проблемите. На сите можни нивоа ти веќе не се бориш со Грција, туку со АМЕРИКА! Тоа е невидлива борба во која однапред си предодреден ‘‘ да попушиш‘‘. Западната цивилизација се базира на принципот ВАТИКАН – АМЕРИКА – ЕВРОПА но ова последното спакувано во пружина која вели дека иако Америка е самостојна таа е основана ( како што вели еден цитат ) од Европските авантуриски! Колумбо, јебо те мој амиџа из Сарајева! Зад завесите на светската гео економија врз која се темелат сите војни и мирови, сите ‘‘ земјотреси ‘‘ од карактер на пропасти и подеми, малите држави како Македонија се најобични грицки на масата на пијаниот велепоседник на светската економија. Многу поголеми држави од Македонија се најобична колатерална штета ( читај потрошен материјал) за светската гео политика базирана на ‘‘ at the end, it’s all about money and power”!
Зошто не сме искрени и не кажеме дека се подсмевавме кога Албанија влезе во НАТО преку ред, сметајки дека ние повеќе заслужуваме! А бе аалоооуу!! Албанија и требаше на НАТО и крај! Дојде време и ние да му требаме, а ние си играме курташак. Е, на тоа, крупните фаци со најдипломатски јазик ( а не како мене простак) рекоа ‘‘ момци, сакате да ви постои државата или не‘‘!?! А ние, ко да имаме четри пара јајца у панталони им се курчиме. Е, сега доаѓаме до оној податок кој вели дека треба да елааборираме зошто оваа колумна има баш ваков наслов и каква е таа вистина која се темели на безобразен виц!
Ние сме одамна у НАТО, ама некој не го информирал оној пред самопослуга што сече вени за ‘‘ Македоња вечнаја‘‘! Ние одамна имаме наши војници на првата борбена линија на НАТО. Сега, прашањето за официјализација на членството е исто како двојца млади иделе долго за озбилно, си подале рака родителите свадба да прават, ама кога дошле на матичар, на едниот одеднаш му текнуе да рече ‘‘НЕ‘‘! Ооооппп!!! Општа тепачка! Жените ги влечат за костум пијаните сватови кој се растепале едни со други, попот вриска ‘‘ Господе Боже‘‘, сликачите сликаат резили а невестата плаче ама има и зашто. Трудна е! Требала да мисли на време. Нели дедо Попе!?
А СЕГА ОЗБИЛНО / зарем до сега не беше?
Маса гомнари у Макеоднија не се свесни дека секој пропаднат обид да се успее во овој историски момент за Македонија е ‘‘ Македонија отиде под стечај другови и другарице‘‘! Ни кучињата алот нема да ни го јадат ако не влеземе у НАТО и ЕУ. Ако до сега не свативте, џабе трошам струја на лаптопов да пишувам.
А СЕГА НЕОЗБИЛНО / признавам, де….. стара простачка стока сум си!
Фората со Јазот и Газот е следна. Главата ти е у јазот а курот у газот. Што ке вадиш прво? Главата од јазот или курот од газот? Неизводљиво да се спасиш! Чаре нема! ТОНЧ!
Е ИМА!
Ке замешаш побрзо, тој да си сврши па сам ке си го извади, а ти после тргни си ја главата од јазот!
СРАМ ДА ТИ Е!
Еве срам да ми е дедо Попе, ама форава нема алтернатива за претолкување,.. Јaс само сакав попе да речам дека нема нерешив проблем, де!
‘‘ СВЕ СЕ МОЖЕ КАД СЕ ‘ОЧЕ‘‘….
НЕ КЕЊАЈ ПОПЕ, ЗНАЕШ ДЕКА СУМ У ПРАВО!,… as usual!
P.S. “ KOME JE SUDZENO DA GA JEBU, NJEMU GACE SAME PADAJU”
Агим Јонуз