Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ѕвездан Георгиевски за „Призма:
-Неодамна имав привилегија и чест да прочитам една за мене возбудлива и невообичаена поетска збирка во ракопис. Нема да го споменам името на авторот, затоа што, едноставно, не побарав дозвола за тоа (а стихозбирката не е објавена, односно сѐ уште не е). Велам возбудлива и невообичаена затоа што длабоко рефлектира на актуелните општествени, но и историски процеси, што, барем за мене, е прилично иновантно во македонската книжевна продукција.
Сепак, за потребите на овој текст, или како некаков негов вовед, ќе се осмелам да цитирам една куса песна од овој ракопис, која, баш сигнификантно, се вика „Гласот на народот“ и оди вака: „Сите папагали повторуваат: народот да одлучи/ Нема сила над народниот глас/ Точно! Видовме во Ерусалим што се случи/ Крст за Христ, слобода за Барабас“.
Се разбира, оваа песна е одличен шлагворт за македонската тема на сите теми – претстојниот референдум. Поточно, за компетентноста на народниот глас за носење одлуки околу конкретни политички прашања, како што е влез на земјата во Европската Унија и/или НАТО. Оваа компетенција, според мене, е проблематична, дури и да не се работи за прифаќање на географската одредница во името на земјата, односно за прифаќање на таканаречениот Преспански договор.
Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.