Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:
-Белиот дворец сѐ уште нема реакција на брутално директното писмо од САД до ВМРО-ДПМНЕ и до нејзиниот формален лидер Христијан Мицкоски. Веројатно е дадено во канцеларијата за толкување и превод во „Палома бјанка“ кај овластениот судски преведувач Никола Груевски, па ќе следува партиски став.
А можно е овластениот судски преведувач намерно да забави со преводот и да почека да помине гласањето во парламентот, по што никому веќе нема ни да му биде важно како Мицкоски ги толкува пораките од стратешкиот партнер на нашата држава.
Во меѓувреме, има јасна инструкција да се пуштат на најјако лагите дека ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, ќе постигнеле нов, подобар договор со Грција. Зашто, како што добро знаеме, до сега никогаш не биле на власт и немале можност да испреговараат таков „подобар договор“.
За време на 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, во Грција се сменија многу политички елити. Практично, сите најрелевантни. Беа на власт и сестринската на ДПМНЕ – Нова демократија, и социјалдемократската ПАСОК, а ја дочекаа и левичарската Сириза. Со ниедна од нив не успеаја да постигнат „поповолен договор“. На што тогаш ги темелат сега очекувањата (лагите) дека ќе испреговарале подобар договор, дека на власт во Атина ќе дојде Виножито од Лерин?
Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.