Гај серо

Некој си соработник на маргинален десничарски весник во Италија по име Гајсер добива третман на нова баба Ванѓа кај нас дури и од сериозни медиуми.
Тие не само што ги споделуваат информациите до кои тој дошол за аферата “Рекет” туку му даваат и третман на некаков релевантен политички аналитичар и прогнозер.
Така ќе слушнете од Гај Серо дека Ангела Меркел директно преку Дојче Телеком го снабдила Заев со нелегално прислушуваните разговори меѓу Груевски и неговите министри со цел да предизвика промена на власта во Македонија и да ја “понижи”Македонија пред Грција со прифаќање промена на името.
Сето тоа било координирано и со Могерини па и со САД за да се изврши (како што тврди и руската пропаганда) насилна промена на легално избраната и чесна влада на Груевски а земјата со сила и против волјата на народот да стане членка на НАТО.
Главната улога во таа насилна промена на некорумпираната влада на Груевски ја одиграло Специјалното јавно обвинителство кое според Гај Серо од денот на неговото формирање врши политички прогон на Груевски и на неговите чесни министри соработници и тајкуни.
Што и да се случи во врска со аферата “Рекет” Гај Серо веќе знае,а наши сериозни медиуми го пренесуваат неговиот “релевантен”суд дека по овој скандал ќе завршела кариерата на Заев како премиер. Заев веќе немал според него кредибилитет во меѓунаридната заедница а и претседателот Пендаровски веќе се дистанцирал од него.
Овој вид на веќе видена политичка пропаганда во Македонија е можеби и натаму сосема нормална за македонската груевистичка десница која најде своја заштита кај “демократот”Орбан. Но не им личи на сериозни медиуми кои
снимките за “Рекет”од ГајСеро ни ги пакуваат и презентираат со неговите пропагандни пораки чија цел не е ниту борбата против криминалот ниту создавање на функционална демократија во Македонија туку ставање вода во воденицата која се противеше и се противи и на договорот со Грција и на расчистување на криминалот и злоупотребите на режимот на Груевски и на членството на Македонија во НАТО и во ЕУ.
Ете токму тие сили од некој си ГајСеро добиваат во моментов силна “меѓународна”подршка.
Скандалот со аферата “Рекет”заслужува сериозна проверка на фактите и примерна одговорност на секого кој имал удел во чинењето криминал и срозувањето на угледот на СЈО.
Колку побрзо во тоа ќе се успее толку побргу ќе исчезнат можните шпекулации за сечија замешаност и толку побрзо ќе пропаднат во вода прогнозите на белосветските пробисвети.
Тоа е секако примарен интерес и на премиерот Заев.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e