Македонија оди на Европско првенство во фудбал и треба да ги паметиме овиемоменти, истакна Сотир Габелоски.
„Да ги паметиме долго овие моменти на единство, заборавање на разликите, надминување на омразата благодарение на успехот на македонската фудбалска репрезентација.
Имавме неколку вакви моменти. На пример со кошаркарите. 4-тото место ни’ донесе она што го немаме, а ни треба очајно. Ни треба да заборавиме на омразата, да заборавиме на лошите зборови, да бидеме единствени и да делуваме како еднакви граѓани на оваа држава. Тоа ни’ го подарија кошаркарите, а еве и фудбалерите. Неизмерно сме им благодарни за историскиот успех и за тоа што одново не обединија.
Но, ајде овој пат да го направиме овој момент подолго. Оваа радост за една заедничка цел нека трае подолго. Нека не’ остави вака обединети и со насмевки на лицата. Нека трае подолго овој успех, а нашето општество да чувствува позитивни вибрации на долг
рок“, посочи Габелоски.
Габелоски нагласи дека овој историски успех покажува дека спортот игра важна улога во секоја држава.
„Тој обединува и разделува, радува и растажува, носи пријатни и горчливи моменти. Денес имаме должност со меѓусебно разбирање и надминување на разликите да им се заблагодариме на Пандев, Алиоски, Адеми, Елмас, Барди за тоа што испишаа историја.
На Македонија и требаат вака позитивни настани. Очајно ни треба затоа што во 30 години живееме во постојана тензија, а омразата меѓу луѓето ја гледаме секој ден. Ваквите успеси можат да донесат помирување по основ на етникум, партија, религија… и да се обедиме околу заендичките успеси како овој на фудбалската репрезентација. Да го дочекаме Европското првенство во 2021-ва обединети и прегрнати во исчекување на првиот меч на нашето прво учество на некое од големите натпреварувања.
Фала ви, момци што не’ обединивте. Продолжуваме да ве бодриме!“, потенцираше Габелоски.