Габелоски: Да го користиш коронавирусот за политички профит е типично за ДПМНЕ

Да го користиш коронавирусот за да профитираш политички е долно, очајно и нечовечко, истакна Сотир Габелоски.

„ДПМНЕ треба сериозно да ја преиспита својата политика, оти истата ги надминува сите разумни објаснувања.

Во секоја држава следиме критики кон властите за начинот на справување со коронавирусот. Тоа е можеби највидливо за нас во САД каде што тоа беше една од главните теми во претседателската кампања, но она што го гледаме кај нас од страна на ДПМНЕ е навистина очајно.

Критика – да, а свесно наштетување – не!

Додека зборувате неаргументирано, земете пример од градоначалникот на Прилеп и сите стручни лица од здравството нека се вклучат во борбата со вирусот. Додека плукате, можете да донирате компјтуери за ученици, да набавите здравствена опрема и ред други работи со кои може да придонесете во оваа тешка ситуација за вашите критики да бидат барем малку основани.

Во кризата со коронавирусот ни’ треба единство и заеднички придонес за штетите да бидат помали. Можете да започнете со тоа што активно ќе промовирате носење маски, затоа што забележавме случаи каде луѓе од ДПМНЕ не почитуваа мерки.

Време е да почнете да верувате на повеќе на науката, а помалку на гатачката.

Потрудете се и придонесете и тогаш може да добиете некој политички поен оти очигледно тоа е она што единствено го сакате“, заклучи Габелоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e