СП: Кој или што Ве спречи со Грција да го решите спорот во деведесеттите, стравот за сопствената политичка кожа ли?
–Решавање ваков спор бара кумулација на три услова: меѓународен притисок, добар договор и одговорна политичка елита да преземе ризик. Тоа се вклопи за Преспа, вели професорот Љубомир Фрчоски во интервју за Слободен печат.
СП: Можеше ли поинаку со Преспанскиот, побезболно, се утна ли во нешто?
– Преспанскиот договор е одличен договор. Само неписмен нема тоа да го види. Таму првпат експлицитно се признава македонски јазик согласно ООН, признаен е и македонски етнички идентитет со придавката „македонски“ (што сега за Бугарите е голем проблем, но ќе видиме).