Ете што била работата: дечкото, кој е сопственик на скопскиот бар „Мош“, викендов се женел, за докторка од Штип. „Викенд за паметење!“, вели еден од порталите кои ја објавија веста. Особено ќе го паметат оние кои, бездруго, се заразиле на веселбата во барот. Нека им е со среќа на младите и на оние кои ќе легнат болни, па кој преживее ќе ги прераскажува впечатоците од веселбата. Можеби ќе ги лекува прекрасната невеста, младата докторка, бидејќи покажува, со личен пример, висока свест за професијата. „Мош“, пригодно, би можел да се преименува во „Мошти“.
Со вакво однесување на еден дел од јавноста, мојата лаичка прогноза е дека до Нова година бројката на заразени во Македонија ќе достигне до 1.000 души дневно. Подрумите во болниците преку ноќ ќе се прогласуваат за корона-одделенија. Многумина кои ова го читате – вклучувајќи ме и мене – можно е да се најдеме поименично во тие списоци на новозаразени. Тој ризик на голем број луѓе, особено на помладите, им стана прифатлив, бидејќи нема друг начин како да се објасни желбата да се сочува социјалниот живот по секоја цена, па макар асимптоматски да се зарази целото семејство.
Целата колумна на Сашо Орданоски за Слободен печат на следниов ЛИНК.