Египканите се интересни само за време на избори

Египканите, како посебна автетична и автохтона етничка заедница во Република Македонија, се наога на самиот праг на етничко претопување. Овој, неблагодарен и болен процес, доага како последица на недоволното посветување на внимание на државата во однос на ова лојална етничка заедница во Република Македонија.

Имено, ноторен факт е, дека нема ниту 1 деклариран а вработен Египканец согласно Охридскиот Рамковен Договор, Египканите не се соодветно и правично застапени во институциите на системот, немаат ден посветен на ова етничка заедница, иако тоа е побарано, но не е постапувано од страна на Законодавнот Дом, Египканите не се спомнати во Уставната Преамбула, што де факто преставува, основен извор на Дискриминација на припадниците на ова етничка заедница.

Се плашиме, на следниот Попис, Египканите да не се деекларираат како Албанци или Роми. Голем е бројот на ученици и студенти кои користат Ромски стипендии, кога не се обезбедуваат за нив стипендии како за ранлива етничка заедница.Токму поради тоа, и бараме загарантирани пратенички места за оние етникуми кои се спомнати во категоријата „и други.

Египканите се интересни само за време на избори, а потоа целосно заборавени од страна на институциите на системот, факт кој го предочел и пред највлијателните Амбасадори.

Демир Далип, Лидер на Египканската десница

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e