Едно со друго не оди, едни ќе си заминат – или ДПМНЕ од власт, или младите од Македонија!

Во Битола го затворија Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“, образовна институција со 115-годишна традиција.
Во основно училиште во Битола вработија психолог – партиски кадар на ДПМНЕ, осомничен за дистрибуција на детска порнографија.
Во Прилеп во средното училиште „Ѓорче Петров“ ја укинаа дрвопреработувачката струка, која своевремено функционираше како самостојно Техничко-дрвопреработувачко училиште „Трајко Бошкоски-Тарцан“.
На настан во основно училиште во Куманово, децата политички ги индоктринираат и злоупотребуваат со малоумната песна за Максим Димитриевски.
Орлови нокти пуштија да ги оданочат парите кои македонските студенти ги заработија во странство преку програмата Work and Travel, небаре опстанокот на државата зависи од тие пари.
Ете тоа е грижата на мицковци за младите, тоа е стратегијата со која се обидуваат да ги задржат во татковината. Само не знам на која страница од изборната програма им е пишана?
Едно со друго не оди, едни ќе си заминат – или ДПМНЕ од власт, или младите од Македонија!
ФБ став на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e