Дијалогот се води, кавгата се тера. Она што ниту се води, ниту се тера, е лавината од разни интерпретации за она што го кажал професорот, поранешен министер за надворешни работи и амбасадор, Денко Малески. Многумина од тие што веќе го „осудија“ или се оградија од него, не верувам дека интегрално го слушнале неговото кратко интервју.
Кога читам што сѐ објавуваат медиумите во Бугарија и во Грција, верувам дека ни самиот Малески нема да ја препознае суштината на она што го кажал. Се прашувам за што го судат – за правото на став, за суштината на ставовите или за нивната интерпретација?
Патем, какво е тоа демократско општество во кое не постои простор за елементарен дијалог за одредено прашање, туку веднаш функционира преки суд – експресно распнување во јавноста. Нашиот прв министер за надворешни работи, амбасадор во ОН и професор на генерации студенти, белки заслужува малку повеќе почит од оние „лекции“ по историја кои денес му ги држи секој, па и многумина што се обезбедија со бугарски пасоши.
Целата колумна на Катерина Блажевска на следниот ЛИНК.