Кампањата заврши, а ДУИ се уште е во филм: чека Мала Речица да стане центар на моќта во Македонија, а таму да се води политика како во Обединетите нации.
Додека другите партии се разбудија, ДУИ и натаму живее во сонот што му го овозможија македонските граѓани кои не излегоа да гласаат. Со само 105.000 гласови од запишаните над 1.800.000, со 15 пратеници од 120 во Собранието, со кандидат за премиер што е избран откако другите на кои им било понудено одбиле, ДУИ сака да пишува историја и да инсталира прв Албанец премиер на Македонија. Буквално да инсталира, така што, според изјавите од партијата, ќе ги одбиваат сите понуди да влезат во Влада додека не дојде редот на нив да го добијат мандатот. Зошто,пак, некои што одбиле веќе да влезат во влада чиј премиер го условува ДУИ би прифатиле да бидат дел од влада што ДУИ ќе ја составува, не е јасно од нивните изјави.
Идејата на ДУИ за премиер Албанец има многу фабрички грешки. Пред се, Македонија е плуралистичка демократија, а не партократија, па со политички инжињеринг да се инсталира премиер само затоа што е Албанец, иако зад него стојат едвај над 5 проценти од гласачите во државата. Она што се случи на 15 јули беа ИЗБОРИ на кои граѓаните излегоа да ИЗБЕРАТ кој да ги преставува и каква програма да спроведува, така што природно се поставува прашањето – кој гласал за тоа ДУИ да ја води државата и уште повеќе кој гласал за тоа ДУИ да ја спроведува програмата што ја преведе на македонски два дена пред да заврши кампањата? Ако вака, како што замислува ДУИ, се инсталираат премиери, кој воопшто би излегол на следните избори во Македонија? И како да им се објасни на тие над 315.000 гласачи на ВМРО-ДПМНЕ и на тие над 327.000 гласачи на СДСМ дека им е изиграна политичката волја? И самиот ДУИ еднаш беше во ситуација да види како изгледа кога се игнорира гласот на граѓаните, откако ВМРО-ДПМНЕ одби да го вклучи во власта.
Целата колумна на Слободанка Јовановска за Независен на следниот ЛИНК.