Државата е подготвена тоа излежување по дома и да ни го плати!

М оја претпоставка е – како експерт за менталитет, а не за медицински алгоритми – дека ние ќе ја надминеме и песимистичката прогноза и дека ќе имаме повеќе илјади заразени од можноста за нивно адекватно лекување. Тоа е така бидејќи, и без големо теоретизирање, на сите ни е јасно зошто во Данска или во Норвешка, на пример, нема ни потреба за воведување полициски час; а во Шпанија, Италија, Србија или Македонија ни војската на улици не е гаранција дека ќе се почитуваат сите препораки на надлежните… Додека не биде предоцна, како во Италија. И многу откако ќе престане надвор да врне.

Иако, што рече некој, кога човек ќе размисли, навистина е ова единствена прилика во историјата да покажеме силен патриотизам и национална пожртвување – со лежење на тросед пред телевизор или компјутер! Обично државите бараат да гинеме за нешто; сега бараат да не гинеме за ништо… Па и тоа тешко ни оди.

Дури, исто така за прв пат во историјата на светската цивилизација, државата е подготвена тоа излежување по дома и да ни го плати! Добро, на крајот, тие пари пак ние ќе треба да ги враќаме (државата, тоа сме ние!), а можеби не се и којзнае колкави пари; и, секако, некои веројатно ќе поминат подобро од други. Но, потегот е епски, невиден, нечуен! … А и тоа не ни е доволно.

Според тоа, шансата ни е во фармацијата! Дека ќе се најде некоја миракулна комбинација на терапија од комбинација на постоечки лекови – оти, додека смислат вакцина, бајаги ќе испоцркаме! – со која третманот на вирусов наеднаш ќе стане возможен. Дали ќе биде оној сумамед од бивша Југославија, мешан со некаков хлорен-фосфат што-ти-ја-знам, шо да е; но друго, галиба, нема да нè спаси.

За оваа социологија, во микробиологијата и хемијата ни е спасот. Затоа и сум оптимист дека ќе успееме.

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e