Друже полиграф, кажи дека не лажам

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:

-Ако згрешам, нека изгорам – пееше легендарниот Пепи Бафтировски. Стиховите пеат за носталгијата по родниот крај и за враќањето дома, но уште првата строфа има силна еколошка димензија: ти не плачи мајко што сум далеку и сам, и не кревај магли…

Дали токму овој стих стои испечатен на А4-лист хартија над секое биро во Министерството за животна средина и во канцеларијата на локалните власти, на пример во Скопје, Битола и во Тетово? Не знам, ама очигледно дека таму се силно убедени дека Пепи ним им се обраќаше кога велеше „мајко“. И не ја креваат маглата по ниедна цена.

И не се сосема во криво. Многу граѓани навистина го спомнуваат овој збор (мајката), додуша во поинаква конотација, додека се обидуваат да дишат поретко пробивајќи се облакот од ПМ-честици. И не само мајки, се спомнуваат и шајки…

Колумната на Сашо Кокаланов во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e