3 години после Парламентарните избори, 2 и пол години после 27 април и 2 години после Локалните избори, ДПМНЕ сѐ уште не успева да собере сили за да ги прочисти своите редови и да изнајде солидна основа за својот легитимитет.
Тие не само што не спроведоа внатрепартиска обнова туку активно работеа на пролонгирање и целосно запирање на судските постапки против нивните членови за кои постојат силни докази за сторени кривични дела. Целата партиска машинерија се вклучи во одбрана на криминалот, пропуштајќи идеална можност за демократска обнова на партијата, а со тоа и на државата.
И не само што не се обидоа да направат чекор напред и да нудат реални и одржливи визии за иднината туку тие останаа зацементирани во сопствениот наратив на виктимизација и фрагментација како единствена основа на нивниот легитимитет.
Без обновен човечки потенцијал и со реторика специфична за минати времиња, ДПМНЕ вакво какво што е не може да се надева на поддршката од граѓаните.
Драган Алчинов – фејсбук статус