До последниот повик

Замаецот за изборите е свртен и тој сосем веројатно не може да биде запрен. Од каде ќе дојде последниот повик до опозицијата – од „Бихаќска“, од амбасадата на Кале или, пак, од Будимпешта?

Претседателот Стево Пендаровски вчера изјави: „Не би сакал да помислам на варијанта дека на крајот на изборниот ден оној што ќе ги изгуби изборите, или оној што нема да учествува на нив, нема да му честита на оној што ќе ги добие“. Но, можеби ќе треба да помисли на таа варијанта ако од утре (недела) почнат изборните дејствија откако ќе заврши вонредната состојба. И тој не треба да чувствува никаква вина доколку опозицијата се реши да ја бојкотира кампањата за изборите. Едноставно, тоа ќе биде нејзиниот избор. Можеби тоа ќе биде добар гамбит за неа за некоја идна победа, затоа што реално е во таква ситуација по шест месеци или една година, повторно да се оди на избори. Но можеби да биде и провалија од која тешко ќе може да се извлече. Пендаровски веќе може да се повлече од неговата улога на македонски посредник, што сакаше да биде успешна, но веројатно сфати дека неговите канцеларии беа искористени само како мизансцен за партиски спектакл.

Замаецот за изборите е свртен и тој сосем веројатно не може да биде запрен. Сега само изгледа како главните политички ривали да се позиционираат за почетокот на кампањата од понеделник. На прв поглед изгледа нелогично што во деновите на драматичното зголемување на инфицираните главна тема станаа изборите, но работата е токму во тоа. Драматичното зголемување на инфекциите од Ковид-19 бара ефикасни институции за да може државата да се справи подобро со кризата во месеците што доаѓаат.

Кој прв ќе трепне

Христијан Мицкоски и Зоран Заев како да играат во драмата кој прв ќе трепне и, барем сношти, изгледаше дека двајцата уште имаат кондиција да ги држат очите отворени. И да ја држат отворена агонијата во која се наоѓа општеството. Приказната, всушност, е многу едноставна и може да се каже во една реченица – ВМРО-ДПМНЕ не сака избори сега и нема прецизен став кога би биле тие, а СДСМ сака избори на почетокот на јули. И прашање е на партиската умешност како тие ставови да се претстават и да добијат наклоност во јавноста.

Неколку работи изгледаат јасни. Ако ја исклучиме првата лидерска средба во октомври, кога по студениот туш од Франција да стави вето на почетокот на преговорите со Македонија, на ниедна од подоцнежните средби кај претседателот на државата немаше договор. На таа прва средба Заев предложи да се одржат брзи избори во декември, што Мицкоски го одби и потоа беше прифатен неговиот предлог на 12 април. Сите понатамошни средби доживеаја фијаско, затоа што Мицкоски не прифаќаше ништо и како можност за компромис го нудеше нивниот предлог за избори на крајот на август или почетокот на септември. Во некоја рака тоа изгледаше како галење на егото на Мицкоски, бидејќи без него не може да се реши еден од главните проблеми во државата. Од друга страна, тоа е продолжено тенчење на трпението на Заев, кој смета дека веќе предолго време се одолговлекува, а тој е надвор од ситуацијата кога повторно може да биде премиер. Премиерот Оливер Спасовски вчера изјави дека „одржувањето на изборите е завршена тема за Владата“ и тоа би требало да значи дека Заев на средбата кај Пендаровски му дал последна шанса на Мицкоски за договор пред да продолжат изборните активности, која тој не сакал да ја искористи.

Целата колумна на Љупчо Поповски за Дојче веле на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e