Димитров: Со 29 сојузници, од сега па натаму, Северна Македонија е посилна и побезбедна од било кога!

Со денешниот потпис (парафирање) на инструментот за пристапување кон северноатлантскиот договор се остварува повеќедеценискиот стремеж и посветеност на нашите минати и сегашни генерации, кои непоколебливо веруваа, работеа и покажаа лидерство за остварување на една стратешка државна цел: членството во НАТО.

Со овој потпис, го исполнуваме ветувањето кон идните генерации и визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Западен Балкан.

Една држава е силна колку што е силна нејзината војска, една држава е силна колку што се здрави нејзините демократски институции, но една земја е силна и толку колку што има пријатели. Со 29 сојузници, од сега па натаму, Северна Македонија е посилна и побезбедна од било кога. Честито татковино!
ФБ статус на Никола Димитров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e