ДИК е составен од претставници од политичките партии, ПОЗИЦИОНИ И ОПОЗИЦИОНИ, a ги води човек од ВМРО-ДПМНЕ и треба да објасни што се случувало

Бидејќи, без никаков сомнеж, вчера се случи глобален хакерски напад, со кој настана проблем во прикажувањето на резултатите онлјан, секој нормален граѓанин очекува попладнево ДИК да излезе и педантно, детално да објави што се се случило. ЗА СЕКОЈ ГЛАС ПОСТОИ ТРАГ, постојат прво записниците на избирачките одбори на кои се потпишани и претставници на политичките партии а потоа постои и секое гласачко ливче. ДИК е составен од претставници од политичките партии, ПОЗИЦИОНИ И ОПОЗИЦИОНИ, А ги води човек од ВМРО-ДПМНЕ и треба да објасни што се случувало. Ако има проблеми да се отворат не само секој записник, туку и секоја гласачка кутија (запечатени и пломбирани од избирачките одбори) и да се пребројат одново на јавна седница. Само така ќе се отстрани секој сомнеж и шашмата што ја фрлаат дел од политичките партии за изборен инженеринг, местење манипулации и слично. Мора да биде фер. Ова се премногу важни избори за да се биде несериозен.

ФБ статус на Валентин Нешоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e