Ви пренесуваме дел од najnovata колумна на Сашо Ордановски за ЦивилМедиа:
-Пред некој ден, во едно политички висококвалификувано утринско кафе-друштво од различен идеолошки „происход“, се поведе брза, но темелна расправа за тоа дали Мицкоски некогаш ќе може да го надмине просекот од неколку статистички поени на поддршка во јавноста што баксузно го следи од неговото застанување на чело на ВМРО-ДПМНЕ?
Нема да ги прераскажувам туѓите ставови – освен дека резигнацијата од актуелниот претседател на опозицијата беше превладувачко чувство кај сите – но мојот став е дека Мицкоски пропушти голема можност да се востоличи како политички лидер кој не само што не е дораснат успешно да го носи барјакот на продуктивно спротивставување на политиките на сегашната власт во Македонија, туку не може ни сопствената партија да ја консолидира до ниво на нормално функционирање на демократски разногласија во неа, после долг период на партиско едноумие и диктат на култот на личноста на Груевски.
Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја ТУКА.