Дерала: Заразата со лажни вести е смртоносна

Навистина, тежок викенд. Вестите од Загреб се потресни. На целата мака со пандемијата, убавиот Загреб го погоди и силен земјотрес, незапаметен во последниве 140 години. И додека нашите мисли се со луѓето погодени од земјотресот и ги бараме телефонските броеви на нашите блиски од пријателска Хрватска, тамошните професионални медиуми ги пренесуваат апелите да се не се наседнува на лажните вести. Некако почнува да се согледуваат тешките последици од индустријата на лажните вести.

Многумина, веројатно со право, ја поистоветуваат штетата од несреќите и непогодите со штетата која ја предизвикуваат продуцентите и дистрибутерите на лажни вести и дезинформации. Паниката во вакви времиња е погубна и може да однесе човечки животи.

Мотивите на тие што шират лажни вести и паника меѓу луѓето се различни. Најопасни се оние што ги продуцираат организираните агитпроп центри кои имаат политички, воени, економски или криминални интереси. Не толку опасни, но не и наивни се будалетинките што шират лажни вести за да привлечат внимание и чии ментални склопови се склони кон теории на заговорот, параноја, злоба и, најчесто, чиста глупост.

Назад во нашата земја, понеделнички покриена со снег, како да не беше доволно сѐ друго што нѐ мачи.

Во преписка со една моја колешка, добивам нови информации за, како што го нарече, ураганот од дезинформации и ловот на вештерки во градот каде што живее. Ме информира за безбројните панични прашања кои ѝ ги упатуваат луѓето кои се исплашени да не бидат заразени со корона вирусот.

Ситуацијата е дотолку позагрижувачка, што токму оние што најмногу треба да се грижат да не шират лажни вести и паника меѓу луѓето, се главните носители на вирусот на дезинформациите. И за несреќа, тоа не се само медиумите, туку и ситни души со политички интереси и амбиции. Не е наша задача да ловиме заразени.
Целата колумна на Џабир Дерала за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e