Дерала: Светот по пандемијата

Каква економија, образование, култура, забава, секс… нѐ чека во блиската иднина? Ова е научно-фантастична, но и не толку фантастична верзија на светот по пандемијата.

Економисти, политичари, научници, кази научници, воени стратези, криминалци, технолози, бизнис планери, футуристи… Сите се втурнати во предвидување, планирање и пишување стратегии и сценарија за светот по пандемијата.

Веќе сега очигледно дека светот опасно се приближува кон авторитарните облици на владеење. Некаде со тврда диктатура, некаде со силно изразени тенденции на следење и контрола на комуникациите и надзор на движењето на луѓето.

Во светот по пандемијата роботите ќе заземаат сѐ позначајно место во животот на луѓето. Сѐ повеќе работни места ќе ги заземаат софистицирани роботи кои ќе вршат услуги буквално во сите области. Технолошкиот бум ќе создаде гиганти од оние што произведуваат софтвер и хардвер за дигитализираниот свет. Едноставно, светот целосно ќе се дигитализира и роботизира, оставајќи сѐ повеќе луѓе без работа, а со тоа и без основни средства за живот. Тоа ќе биде време и кога минорна болест ќе значи брза и болна смрт за голем број луѓе.

Вештачката интелигенција веќе сега е напредната, но во светот по пандемијата, овој човечки изум ќе почне да креира нови изуми, особено во светот на фармацијата, но и во комуникациите, безбедноста, сите гранки на индустријата… Веќе не е далеку времето кога вештачката интелигенција ќе ги надмине способностите на својот креатор – човекот.

Сѐ поретко ќе одиме на лекар. Наместо тоа, нашиот лекар ќе може да нѐ прегледа онлајн, со помош на гаџети што ќе ги има во нашите домови. Или, уште „поедноставно“, робот ќе долета со дрон преку нашиот прозорец и ќе ни го скенира телото. И уредно ќе ни наплати, дигитално, се разбира.

Целиот текст на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e