Дерала: Крвава пресметка со демократијата

Беше тоа „ноќ на долгите ножеви“, во студената декемвриска ноќ по предвремените парламентарни избори во 2016 година. Со оваа злокобна реченица на протестот пред Државна изборна комисија, претседателката на собраниската комисија за односи меѓу верските заедници, актерка и пратеничка, Валентина Божиновска, го означи почетокот на транзицијата на власта во моќта. Следеа секојдневни протести со радикални и националистички пораки. „Бејли, оди си дома“, „Предавници“, „Стоп Сорос“… Со пораки како од мрачниот Среден век…

Иако не беа бројни, радикалите, приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ, беа гласни и насилни. Со познатата мрачна иконографија, национализам, тепање новинари по улиците, лажни обвинувања за велепредавство, со „Тиранска платформа“ како оправдание… со најцрна кампања што може да се замисли, криминалниот режим не се предаваше. Со месеци по изборите, ништо не функционираше, процесот на формирање влада беше блокиран, а институциите функционираа како да не се променило ништо, како сѐ уште да е на власт Фамилијата. Секој ден. Полетот и оптимизмот полека згаснуваа, а на нивно место се всади страв, скепса и неизвесност. А режимот не мируваше. Организираше егзекуција на демократијата, преврат.

Целиот текст на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e