Дерала: Кој и зошто не сака реактивирање на Собранието?

Интересно е да се погледне зошто и како реагираат партиските раководства на иницијативата за реактивирање на Собранието. Зошто Лордот Талат ја блокира иницијативата, зошто Мицкоски не сака да слушне за тоа?

Да ги оставиме на страна, за момент, урнебесно комичните димензии на македонската политичка сцена, почнувајќи од некои, знаете кои, технички министри, завршувајќи со собранискиот спикер и неговата „пуч“ филозофија. И сѐ помеѓу. Смеењето е здраво, но од многу смеење, најмалку што може да ви се случи е да ве заболи стомакот. Па, ајде да видиме што се случува со оваа иницијатива, да се реактивира Собранието, таа највисока демократска институција во една земја.

Без оглед на тоа колку углед (не) уживаат голем број пратенички и пратеници, Собранието како институција е на врвот по својата важност во една парламентарна демократија. Тоа што токму во тој дом наоѓаме неизмерно многу проблеми и скандали, само може да посведочи, на не секогаш пријатен начин, дека таа институција е исклучително важна за луѓето. Оттаму, не е неважно што се случува таму, без оглед на тоа колку дел од политичарите и политиката нѐ оставаат рамнодушни или нѐ прават гневни и огорчени.

Целиот текст на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e