Денеска Американците гласаат… Врзете ги појасите, полетуваме!

Парадоксот на американскиот изборен систем е во тоа што Бајден, најверојатно, ќе го „надгласа“ Трамп на ниво на целата федерација со многу милиони повеќе освоени американски гласови отколку трите милиони на Хилари Клинтон на минатите избори, но тоа сè уште не е гаранција дека Бајден ќе стане нов претседател на САД. Разликата од неколку десетици илјади гласови во изборно клучните 6-7 федерални држави (особено во Пенсилванија) во корист на Трамп можат да ја „поништат“ изборната волја на многу други милиони американски граѓани кои ќе му ја дадат изборната предност на Бајден.

Таков е американскиот федерален изборен модел. Прилично компликуван, па и бесмислен. Бидејќи, смислата на демократијата е да владее оној кој може да обезбеди легитимитет со најголем број освоени гласови (popular vote), а не оној кој ќе победи во неколку, релативно помали по население, „решавачки“ држави (electoral vote). И, да, долга и широка е расправата во Америка за менување на нивниот изборен систем, бидејќи има дузина примери во нивната обемна демократска историја кога претседатели станувале кандидати кои освојувале и по 3-4% помалку гласови од противкандидатите.

Сепак, доколку се потврдат сите најави во предизборните истражувања Бајден да однесе чиста победа над Трамп на национално ниво, а Трамп сепак да стане претседател, воопшто не би било изненадувачки таа, во суштина, уставна криза да се пресели на американските улици и да стане внатрешна, безбедносна криза. Не е исклучено и при обратната ситуација – Трамп мазно да си ги изгуби изборите – состојбите повторно да завршат на улица, бидејќи тој јасно и од поодамна става до знаење дека, ако изгуби, резултатите нема да ги признае и „без борба“ нема да си замине од власт.

А во длабоко поделената Америка сите се вооружени „до заби“. Баш може да биде гадно.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e