Демократијата ни е „хибридна“, бидејќи политичката култура ни е очајна

позицијата го прослави „хибридното“ демократско место на Македонија како свој голем политички успех, бидејќи тоа меѓународно рангирање – заедно со 111-то место на скалата на перцепцијата за корупцијата на Транспаренси Интернешенел – ја потврдува нивната генерална оценка дека, откако се дојдени СДСМ(/ДУИ) и Заев на власт, Македонија повеќе наликува на најлошите централно-африкански, одошто на европските, макар и проблематично-демократски држави.

Паралелно со триумфот на опозицијата, власта цела недела се обидува да објасни дека тие се зафатени со „системски промени“ во стратегиските сектори во општеството, кои не даваат брзи реформски резултати, но – според власта – гарантираат структурни и одржливи подобрувања на подолг рок, коишто државата со децении ги одлага.

Нема сомневање дека, беа ли рангирањата подобри од објавените, власта ќе го прославуваше, а опозицијата ќе го проблематизираше тој успех. Во суштина, се работи за ист пристап: во Македонија само власта е секогаш одговорна за рангирањата, а опозицијата, во најдобар случај, е спектатор што гледа сеир и фаќа политички поени од евентуалните неуспеси на власта.
Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e