Дали Шерлок Холмс не е во право?

-Официјално, главната опозициска партија излезе со став дека средината на јули е датумот што ним им се чини како прифатлив за спроведување вонредни избори. Човек ќе рече, па, добро, две недели порано или подоцна од втората половина на јуни, што како изборни датуми ги предлага власта, каква суштинска разлика прави тоа?

Но, паралелно со ваквите датумски пазарења, севкупната опозициска пропаганда во последните недела-две интензивно се занимава со броење мртви од коронава, се користат – а ги има колку сакаш – сите светски извори на застрашувачки сценарија и катастрофични епидемиолошки прогнози, морничавите статистики се растегнуваат до крајните точки на разумна издржливост, а лидерот на опозицијата, со силен хуманитарен и морален набој, неколку пати упадливо инсистира дека, ако треба и еден заразен да почине заради изборите, тој не би ја прифатил должноста да стане премиер… Хмммммм… Кој ли може да му издаде таква изборна гаранција на лидерот на опозицијата, за нему да му се чини прифатлива!?
Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e