Дали Груевски го сменил системот за да преполага испити за повисоки оценки?

Aко човекот донел закон како премиер за да си овозможи преполагање на испити за повисоки оценки што ќе му отвори пат да запише и заврши докторски студии, тоа не ли е злоупотреба на службената положба за своја лична корист? Особено ако преполагал додека бил премиер, во држава која ја зароби и потчини целосно. Како што го донесе ДУП во Центар за плацот на Водно, како и многу други привилегии за кои слушавме во бомбите.

Наместо шеги, мислам дека треба да се предизвика системот ова сериозно да се испита и ако ја злоупотребил позицијата и системот, таа неправда кон сите кои чесно напредуваат во образовниот систем, да се исправи.

Инаку ќе стане уште еден доказ дека Македонија е држава на апсурдот во која чесните и правдата ја губат битката и им останува да бараат попристојно место за живеење

Ида Протугер
фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e