Дали е возможно ВМРО-ДПМНЕ да излезе од моралниот банкрот“?

Ја слушнав одбраната на Јанкуловска во случајот „Таргет-Тврдина“. Жената вели „не сум виновна, барам ослободителна пресуда“, а да потсетиме дека се работи за масовно прислушување. На Мијалков не ја слушнав, немам желудник за такви гадости. Ама сакам да нафрлам едно поинакво светло за надгледувањето на граѓаните. Се лицитира со бројка од 22.000 активно прислушувани граѓани. Титовата УДБА, ако добро се сеќавам во овој податок, набљудувала и прислушувала околу 12.000 граѓани на ниво на цела бивша Југославија.
Имено, дозволете ми да кажам неколку важни зборови. А прашањето вака ќе го формулирам: „Дали е возможно ВМРО-ДПМНЕ да излезе од моралниот банкрот“?
Како е возможно оваа партија да излезе од самопонижувачката состојба, односно како може да се ослободи од колективната срамота? На ова прашање германците дадоа одговор во 1968 година кога своите татковци и дедовци беа многу јасно прашани што работеа во Полска, Русија, на Балканот, и кога фактите за Холокаустот и Концентрационите логори почнале да влегуваат во колективната конституција, поточно во заедничкото сеќавање.
Никој тоа на Германците не можел да им го наметне, освен германските синови и ќерки. Се трудеа и американците, се трудеше и големиот Карл Јасперс да го објасни поимот на колективната одговорност, ама за џабе; што значи – од колективна одговорност се излегува, за почеток, така што нужно е да имате чувство на срам. Потоа да се откажете од „херојското минато“, од „националното достоинство“, и да се откажете од туѓата вина и одговорност. Од морален банкрот, веројатно, се излегува, тогаш кога другите ќе почнете да ги гледате и за нив размислувате како за жртви.
Не знам како поинаку тоа би можело да оди. Не верувам дека „протокот на време“ и сменување на генерациите може нешто да промени, затоа што на таков начин се создава „криво срастање“, да се послужам со метафората на Џони Штулиќ. А „криво срастање“ на коски повторно мора да се крши. И така до бескрај.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e