Далеку е Хрватска

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ѕвездан Георгиевски за „Призма“:

-Не знам дали во Хрватска продолжија да слават и по поразот во финалето на Светското фудбалско првенство од Франција. Не верувам, затоа што својот историски успех, освоеното второ место во светот и вицешампионската титула, тие прилично бучно, дури и помпезно го прославија уште пред неколку дена, кога хрватската репрезентација ја победи англиската.

Исто како што го прославија влезот на нивните репрезентативци меѓу осумте, а потоа и меѓу четирите најдобри репрезентации на светот, а богами треба да се подготват за уште поголема прослава на дочекот на нивните фудбалери од Русија. Но, и ако продолжија и синоќа да слават, тука се разбира нема ништо лошо. Па, тоа е успех за кои сонувале генерации хрватски фудбалери, спортисти, а и целата хрватска јавност, воопшто.

И Македонија имаше свои причини за славење. И тоа во истото време кога прославуваше Хрватска. Добро, спортскиот успех на хрватската фудбалска селекција не се споредува со поканата за прием во НАТО. Или можеби се споредува. Она што за Хрватска влезот во финалето на Светското првенство, за нас уште повеќе се пристапните преговори за НАТО и отворената врата за влез во Европската Унија.

Имено, од почетоците на македонското национално осознавање, Македонија никогаш не успеала да седне на иста маса со оние што ѝ ја кроеле судбината. Оттука наративот за Македонија како вечна жртва на интересите на големите сили и монета за нивно поткусурување, која никогаш не била прашана за сопствената судбина. Па, следи легендарното „делете ја, парчете ја…“.

И, еве ја сега Македонија, на прагот самата да ја крои својата судбина, да има рамноправен глас со силите што го водат светот. Па, ако сакате и право на вето. Но, и право да го прослави овој успех, за кои сонуваа генерации и генерации овдешни жители.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e