Ви пренесуваме дел од колумната на Биљана Секуловска за НоваТВ:
-Дајте му ги сите пари за кампања за бојкот на референдумот на Антонио Милошоски, дајте ги нашите пари на сите Мицковци, Апасиевци, Солзи, Бачевци, Ванковци нека не потопат, нека не удават, нека не закопат, нека не прогласат за живи мртовци, за остатоци на груевизмот, тие, ние, целата наша иднина.
Отстранете го, заробете го, покријте го и одведете го во непознат правец Талат Џафери, кој му објаснува на Милошоски дека парите што се издвоени за кампања нема да се делат на секој пратеник одделно, туку Собранието ќе закупи медиумски простор пропорционално врз основа на бројот на вкупниот број на пратеници кои ќе се изјаснат „за“ или „против“.
Дајте им ги сите пари на овој свет на оние што ќе бојкотираат, на оние што се против нашата иднина, на сите Мицковци, Милошовци, Апасиевци, Солзи, Бачевци, Ванковци.
Нека расцветаат сите бојкотирачи, анти-НАТО и анти-ЕУ војници, русофили и путинисти, дајте им крилја, отворете им ги небесните патеки, нека завладее царството на подземјето, на смрдливите канали по кои течат исперените мозоци, политички аутистичните слогани, нека се виорат црвени, руски знамиња, нека завладее теророт на путинизмот.
Колумната во целост прочитајте ја на следниот ЛИНК.