Да не им продаваме на Грците византиски игри

Дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

Како да забегуваат новите и старите уставотворци и уставобранители. Впечаток е дека луѓево заборавија дека се работи за неколку уставни амандмани кои се дел од компромисот стриктно одреден со Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција. Четирите амандмани со отстапки, во замена за европската иднина на Македонија, се претворија не само во пишување нов устав, туку и во ревизија на Уставот со јавно наддавање за уставни промени што предизвикува загриженост дека целата работа може да пропадне и Македонија и Грција да се вратат кај што беа, како инцидент на историјата.

Македонија во тој случај би се вратила никаде, со голема неизвесност дали може да ги задржи истите позиции на земја кандидат за ЕУ. Ќе остане и натаму како БЈРМ, изолирана балканска сиромашна држава и како најголем губитник и виновник пред здравиот разум дома и пред светот бидејќи ја испуштила историската шанса правејќи кардинални грешки во добиена позиција. Грција останува таму кај што беше, во ЕУ и во НАТО и меѓу 30 земји во светот со највисок квалитет на живеење, со позитивна оценка дека покажала добра волја и храброст да прифати отстапки за добрососедство. ЕУ и светот ќе искажат петминутно жалење со оценка дека сè што беше разумно со Преспанскиот договор е уништено со уставни промени спротивни на договорот потпишан меѓу двете влади. Најсреќни, се разбира, ќе бидат противниците на членството на Македонија во НАТО и во ЕУ во Македонија и во Грција.

Целата колумна на „Независен“ на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e