Почитувани Другари и другарки, почитувани сограѓани, можеби е минато време кога заедно го кревавме гласот против режимот и “фирерот” кој кукавички избега од соочување со правната држава и принципите на демократијата…
Иако неможам да не се сложам со вас дека новата влада направи крупни чекори во јакнење на правата на човекот, демократските принципи и начела како и чекор со приоритетот на младите ЕУ и НАТО сепак “потфрли” во својата матрица “еднакво општество или живот за сите во Република Северна Македонија”
Во нашата држава посебно во помалку бројните заедници сеуште владее принципот на заплашувања и уцени како и пресметка со неистомислениците!
Ако сметаат дека ќе не заплашат или исплашат ве уверувам дека одлучно ќе се спротиставиме на овие заплашувања. Иако дел од првата постава на “фирерот” се насука во новата влада, иако помалку разочарани, Не смееме да заборавиме дека од другата страна сеуште го имаме “фирерот” кој ја бара последната шанса да биде “профитер” кој со евентуална победа ќе успее да се спаси од своите злодела кои ни ги сервисираше секојдневно!
Тој. Фирерот! Затвараше медиуми, тепаше студенти, нарачуваше линч врз неистомислениците, го уништи здравството, ја колабираше културата, во неповрат го разнесе образованието! Сееше страв! Се ситеше врз туѓата несреќа! Го започна егзодусот и иселувањето на младите! Го нарача 24.12.- црниот понеделник… креваше рака и демонстрираше сила врз сите, обичните граѓани.. Мартин, Тамара, Бесарт, Висар, Адем, Симона, Стефан, Санела.. А1, космос, настаните на кале… некои од напишаните имиња за жал завршија со трагичен крај.. слава им.. тој. “Фирерот” газеше врз секој од нас за да ги спроведе своите болни амбиции..
Затоа, да го зададеме последниот удар на режимот односно “фирерот” да му стане јасно и нему и на сите дека граѓанинот мора да биде на пиедесталот.
Да дадеме поддршка на кандидатот за претседател Стево Пендаровски и целосно да го делегитимираме режимот!
Да испратиме јасна порака, одговорност мора да има. Движечката сила ја имаат единствено граѓаните на фер, слободни и демократски избори.. да се избориме за држава со демократски манири а не режимски диктати.
Во недела со глас за Стево Пендаровски да го вратиме “фирерот” пред лицето на правдата!
Един Јакуповиќ- Актер