Ајде да пристапиме логички и разумно и да утврдиме каква е реалноста.
КОВИД пандемијата го начека целиот свет неспремен и до пред 9 месеци сите бевме во скоро безизлезна ситуација. Тоа е реалноста.
Вирусот беше високо заразен на почетокот, сега стана уште неколку пати позаразен. Тоа е реалноста.
Смртноста е под 0.1% кај млади и како се зголемува старосната граница така се зголемува и смртноста до 15-20%. Значи во најдобар случај, ако не вашиот, тогаш родителот или дедото/бабата на некој што го знаете ќе почине. Кога ќе се земе заразноста и бројката на инфицирани предвид, тоа се преведува во многу голем број на смртни случаи и целосна блокада на здравствениот систем. Со тоа и умирање или влошување на хронично болните што не се заразени. Што и го гледаме. Тоа е реалноста.
За ова повеќе да не биде реалност и да не биде безизлезна ситуација, целиот научен свет како никогаш досега се сплоти и за рекордно време со многу пари и претходни знаења од SARS-CoV-1 и MERS и другите сезонски коронавируси направи ВИСОКО ЕФЕКТИВНИ (не се перфектни бидејќи ниедна вакцина не е) вакцини. Тие вакцини драстично (10-30 пати) го намалуваат ризикот за смрт и хоспитализација.
Значи ризикот за смрт на стар човек го прават сличен како ризикот за смрт на млад човек. Многу родители, дедовци и баби, СПАСЕНИ. Исто така вакцините ја намалуваат шансата за инфекција и понатамошно расејување на болеста. Со тоа многу луѓе што во друг случај би се заразиле ќе останат незаразени и спасени. Тоа е реалноста.
Да се биде вакциниран и инфициран е една болест од истиот вирус. Да се биде невакциниран и инфициран е консеквентно друга болест предизвикана од истиот вирус.
Има два избори:


Засега, вакцините се единствениот излез за намалување на страдањето и црната смрт. Ситуацијата е таква. Лоша. Ако имате друг предлог, научниот свет е спремен да слуша.
И не, засега нема лек за вирусот.
ФБ статус на Д-р Горан Кунгуловски