За условите во притворот и Орце Камчев:
Се согласувам дека е потребно обезбедување на основни услови за живот во притворот за секого, па и за Орце.
Но морам да потсетам дека токму Орце беше еден од оние кои за личен профит имаат направено штети на затворскиот систем.
Нека се сети Орце како правеше притисок и како се закануваше на Директор на КПУ Затвор Идризово пред десетина години, за да му купеле еден шлепер паштети кои ги добил преку некоја компензација.
Дали Орце заборави како директорот на затворот (во тоа време) му вели дека има огромни количини на конзерви, а дека средствата предвидени за набавка на храна се предвидени за брашно, зејтин и останати продукти…
Нека го потсетат Орце на неговите зборови упатени кон директорот во тоа време:
Дека на Орце уво не го болело дали ќе има храна и леб за затворениците, него го интересирало да ги купат неговите конзерви!
Нека се потсети Орце на колку луѓе им ги ускратил основните човекови права за тој да си ги задоволи своите нагони за пари преку притисоци и закани!
ФБ статус на Ване Цветанов