Мицковски бараше предвремени избори уште есента.
1. Му беа понудени за декември, Мицковски се исплаши и одби.
2. Ајде му се попушти и беше договорен 12-ти април.
3. Зафати корона криза.
4. Корона кризата сега е при крај и повторно му се нудат брзите избори, кои што тој лично ги бараше.
5. Мицковски повторно бега од избори и тактизира.
6. Мицковски се обидува да ја вовлече државата во политичка криза. Мицковски ниту ја сака државата ниту народот. Мицковски е учесник во тетористичкиот напад на Собранието на 27-ми април и шеф на партија, која со закани со молотови коктели врз ДИК, преку притисоци и закани смени изборни резултати – со плус 3 пратеници во нивна полза. Колку и да посакува кризи и насилства, Мицковски мора да разбере дека времето на насилство ПОМИНА!
Мицковски треба да бира:
1. Или да прифати избори во јуни и да се соочиме на мегдан.
2. Или да се РАСФОРМИРА Техничката ВЛАДА И Зоран Заев да се врати како Премиер.
Кога ќе се врати Зоран Заев за Премиер, Мицковски, Дерковски од ДИК, а и сите други кочничари нека го чекаат декември, а ако има нов бран на Корона вирус, тогаш може изборите да се закажат за мај 2021-ва година.
На потег се Мицковски, Талат Џафери и Претседателот Пендаровски.
Никој нема намера да трпи штети и последици од Технички министри цела година!
ФБ статус на Ване Цветанов