Црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ

Црвените линии со кои се расфрла ВМРО ДПМНЕ од кои наводно не отстапува кога станува збор за Бугарскиот меморандум се само „тоалетно парче хартија“, со вмровски речник кажано.
Празни зборови формулирани во некоја собичка за ПР во Белата палата, артикулирани по улиците на Скопје по сосема различен ирелевантен собир на граѓани, со „голема“ завршница приземнета во празната сала на собраниската комисија за надворешна политика. Толку од улогата на бранител на „националните интереси“ на ова раководство на ВМРО ДПМНЕ. Само трубење во мегафон. За домашна употреба.

Ниту еднаш најголемата и најпатрииотска партија не најде за сходно да излезе надвор и како членка на најсилната европска политичка групација ЕПП, да побара средби со сите европски политичари за да лобира за Македонија. Да не зборуваме за идејата ова раководство да отиде во Софија на муабет кај „сопартиецот“ Бојко Борисов и на мек „блгарски“ јазик да му ги плесне во очи македонските црвени линии. Не, тоа сепак на свој начин го направи ПРВИОТ лидер на оваа партија, Љубчо Георгиевски и уште еднаш им покажа на сите вмровци кој е Војводата меѓу нив. Ако бугарскиот политички врв се одважи да прими еден поранешен лидер на ВМРО ДПМНЕ, веројатно ќе најдеа време да го ислушаат и сегашниот.

Но прашање е како пак, таму во дипломатските одаи во Софија, некои високи претставници на партијата, кои бараа собраниска седница, би го бранеле македонскиот јазик и идентитет, кога благопријатно би говореле „по блгарски“.

И тие сега, на крајот што би се рекло, кога се очекува големата разрешница на европскиот јазол за членство во Унијата, бараат седница за да се постигнел консензус по националните интереси на државата.

За кои национални интереси говорат и за која држава, кога ниту уставот го признаваат, ниту името на државата. За нив национален интерес со децении беше да не се постигне договор со Грција, ниту договор со Бугарија. Откако се потпишаа, тие сега велат можело и подобро! Со нивното „подобро“ не успеавме да станеме членка на НАТО, ниту ќе се доближевме до ЕУ. Не знаевме дали сме со Западот или требаше да трчаме кон Истокот. Имавме ли пријатели во светот, или сите не мразеа и сакаа да не поништат. Ни лажеа дека сме „големи“, а сме биле обични.

Целата колумна на Љубиша Николовски за Слободен печат на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e