Црвен картон за опозицијата

Штета што во некој амандманите нема предлог сите кандидати за пратеници на изборните ливчиња од сите изборни единици – не само тие што изборија место во Собранието – да го верификуваат својот мандат и во секое време да имаат можност да ги заменуваат отсутните пратеници!

Во новосоздадените ковид-услови за работа, македонските народни избраници добија во рака по три картони – зелен, жолт и црвен, како боите на семафор. Очекував еден стопроцентно разумен и умен предлог на еднаквиот меѓу нив, на нивниот спикер Талат Џафери за вклучување од далечина во работата на Собранието на пратениците со ковид-19 и на тие во самоизолација да го „позелени“ Собранието, сите да ги подигнат зелените картони, да гласаат – ДА! Но, на Димитар, на Христијан, на Зијадин, на Африм и на сите нивни истомисленици од трите бои најмила, дури и премила им била црвената. Па, кога е бал, нека е маскенбал (Апасиев) – го замрзнаа собранискиот семафор на црвената боја! Му се извинувам на штипјанецот Никола Мицевски (со малешевски корени) што не го споменав бидејќи неговиот лидер Мицковски нема црно на бело од гласачите да има пратеничка плата, ама верувам дека Никола секогаш пее по нотите на Христијан. А за тоа што по овој ред им ги напишав имињата, сами се заслужни. Апасиев и неговата Левица посакаа 1.400 пати да им се скине тенкото мнозинство на владејачките партии, Мицковски и неговото ВМРО-ДПМНЕ на хартија тоа го потврдија само 50 пати помалку, Алијансата и Алтернатива на Села и на Гаши застанаа само на 300 желби на комшиите да им цркне козата!

Целата колумна на Атанас Костовски за Слободен печат на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e