Чудата во чудесната земја

-Се сеќавате ли на она чудо што пред нешто повеќе од месец дена го изведе оној Никола Чудотворецот. Сигурно се сеќавате, затоа што ако не се сеќавате, тогаш тоа не би било чудо. А и не помина ни премногу време оттогаш. Значи, се работи за оној Никола, кој и самиот претендира да биде светец, само по можност да ја прескокне маченичката фаза на тој пат.

Е, тој Никола, во еден момент, наместо да се најде во Истражниот затвор во Шуто Оризари на издржување затворска казна, во тој момент онака волшебно се најде во Будимпешта. На полицијата, обезбедувањето, разузнавањето, полициската аналитика, судовите, обвинителите, истражителите… им кажа неколку вообичаени магични зборови од типот на „абракадабра“ и додаде уште по некој колоквијален збор за овие прилики, чија употреба не е препорачлива во јавниот дискурс, замавна со раката и – оп, ете го во Будимпешта.

И со истиот тој потег на раката, овдешното обезбедување го претвори во унгарски разузнавачи. Јас лично мислам дека и да завршеше зад решетки, со оглед на неговите квалитети, во следниот момент ќе се најдеше на некое друго место. Во Белизе, на пример.

И таман човек ќе помисли дека и со чудата се претера, ете го оној другиот Никола Чудотворец, овојпат вистинскиот светец, како сосема неочекувано, наместо во некоја црква, се појавува на Медицинскиот факултет, односно на Клиниката за пулмологија. Заедно со цела свита бели мантили и црни мантии, со сите свеќи, славски погачи и сѐ што доликува кога се пречекуваат светци од ваков ранг.

За волја на вистината, за разлика од приказанието на Никола Груевски во Будимпешта и наспроти целата констернација и крстењето на јавноста, излезе дека појавата на Свети Никола на Клиниката за пулмологија и не е некое чудо. Имено, тој таму се појавувал секоја година во исто време веќе десетина години наназад. А ако чудото секогаш се репризира, тогаш тоа станува пракса, а не чудо.

И министерот за здравство Венко Филипче со неговата реакција, односно со целосното отсуство не реакција, потврди дека појавата на светци и попови на највисоките здравствено-научни институции всушност е вообичаена работа врз која не треба да се вознемируваме. Нешто слично како есенско-зимското загадување на Скопје. Толку нормална работа. Што би се рекло, секоја научно-здравствена институција и секоја клиника има неприкосновено право да верува во кој било бог

Целата колумна на Призма на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e