Читајте ги Колбе и Вoскопулос

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

-Сиве овие години, безмалку три децении како трае блокадата на иднината на Македонија и попречувањето на нејзиниот развој во современа демократска држава, најмногу ме измачуваше едно прашање – дали ќе се појави лидер, државник, почитувана личност, предводник, татко на нацијата, кој ќе создаде околу себе критична маса и амбиент да се забрзаат историските процеси кои водат кон Европа и кон европеизација на Македонија. Во тоа го гледав решението како да се спасиме од проклетството што не ни дава да мрднеме напред, иако мнозинството граѓани на мојата татковина со отворени очи ја сонуваат Македонија како европска држава, рамноправна членка на ЕУ и на НАТО.

Која е таа сила што спречува историски процеси предизвикани од јасната определба на огромно мнозинство граѓани на една напатена земја. Како може само на ова педа почва да не важи научната закономерност потврдена во сите бурни историски настани која вели дека при големи промени, револуции, војни, се појавуваат водачи, лидери, државници кои предводат кон целта. Дали настаните исфрлаат историски личности или, пак, личностите ги прават историските настани, за тоа науката има свои критериуми да ги одредува фактите и да ги сместува личностите, порано или подоцна, таму каде што припаѓаат. Македонија, за жал, и покрај тектонските промени настанати за чудо по мирен пат, без ниту една жртва, ги смени и политичкиот и општествено економскиот поредок и стана независна држава, што беше неверојатен и непредвидлив настан. Се разбира, не велам дека за тоа нема заслужни личности, но и нашата поблиска историја веќе се полни со табуа бидејќи сè уште ни науката ни татковината ги нема препознаено своите основачи на самостојноста, како што тоа беше со Илинден 1903 година и со антифашистичката војна, АВНОЈ и АСНОМ 1941-1943-1944 година.

Луѓето од науката ќе речат нужна е историска дистанца. Да, но дистанца има и од Илинден 1903 и од АСНОМ 1944 година, па до некаде и од референдумот за независност и тоа што му претходеше на 1991 година. Од денот на независноста поминаа 27 години, што не е малку време да се разјаснат точно сите клучни настани без пристрасности и да се одреди улогата и заслугите на личностите кои ги забрзаа или, пак, ги запреа историските процеси и нанесоа големи штети.

Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e