На Бугарија никогаш не ѝ е доста. Никогаш не е доволно ништо на Балканот, зошто би ѝ било сега на Бугарија. Нивната блокада за македонската преговарачка рамка во Брисел, нивната непопустливост, нивната точка, секогаш може да се претвори во запирка, која понатаму ќе сака уште повеќе, да се преобрати во три точки, во бескрај, од кој нема враќање.
Но, тоа е Балканот- котел кој врие со векови, масло кое постојано се долива, буре барут на сите омрази, тензии, конфликти, од кои никогаш не е доста. Воинствените балкански племенски водачи сметале дека биле премали, недоволни тие количества, сакале секогаш уште повеќе, незаситни, алчни во производството на зла.
Колку повеќе зли, толку помалку задоволство од страната на бесот и гневот. Затоа што, никогаш не е доста лудачки сјај во очите, кога се гледа нечие страдање, понижување, несреќа.
Балканските татковци на сеење на тоа зло секогаш мислеле дека се мали, незначителни дозите на ситни и крупни препукувања, окупации, злосторства, војни, ѕверства. Се разбира дека биле преголеми, неподносливи за другата страна. Но, Балканот не знае поинаку, историјата ја создавале насилници, кои уживале во измачувањето. Гушењето од количеството непријателство, секогаш го доживувало како мали лажички, зрнца кои колку и да набабруваат во стомакот, никогаш не се доволно задоволувачки од другата страна.
Целата колумна на Биљана Секуловска за Нова ТВ на следниов ЛИНК.