Цената на „избањатата“ лојалност

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа.

Основано е да се мисли дека, да не пребегаа двајцата обвинети високи функционери од МВР во Грција, осудениот Ѓоко Поповски во случајот „Триста“ немаше да заврши во притвор, како „капак“ на деветгодишната затворска казна што му е пресудена во прв степен за злоупотреби при набавка на возила за Министерството. Тоа е ефектот што тоа бегство на двајцата прислушувачи, а сега и нивното ослободување во Грција со можност и за добивање политички азил таму, ќе го има во сите процеси што се водат против високи и ниски функционери на власта на Никола Груевски: притвори ќе фрчат на сите страни, во затвор ќе се чека правосилноста на пресудите (што може да трае и со години!). И за аболирани и за неаболирани.

Второ, повторно за соработката со обвинителите: зошто дузина осомничени и обвинети извршители на разно-разни кривични дела не сакаа(т) да соработуваат со обвинителите и искрено и без резерва да се спогодат, да го кажат она што го знаат за делата во кои се вмешани, а за кои им се закануваат долгогодишни затворски казни? Дали се глупави, дали се уплашени, дали се платени да молчат; или адвокатите, наспорти нивниот силен интерес, им ветуваат или ги советуваат дека ќе добијат ослободителни пресуди?! Ако ја исклучиме глупоста (за која нема лек), кои се тие пари и каков е тој страв што може да ти „компензира“ долгогодишна затворска казна?

Обете овие околности од процесите што ги води СЈО против припадниците на бившата власт говорат за тоа дека многумина во тие процеси како да не се излезени од виртуелната реалност што ја ширеше претходниот режим. Во тој режим, беспоговорната лојалност кон митологизираниот лидер (дури и не, неопходно, кон некоја кауза) беше врвниот предуслов за да се „дишне“ барем малку од чистиот кислород на власта и моќта што им се овозможуваше на оние кои беа подготвени сосема да се покорат.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e