Бугарски пасоши како нужно зло

Бугарите, се разбира, наоѓаат начини како да манипулираат и да ја актуелизираат оваа непријатна тема, злоупотребувајќи ги судбините на десетици илјади луѓе за да ги зајакнат доказите за она што упорно го верглаат во својата негаторска агенда. Иако ретко кого од „новоосвестените“ македонски граѓани со бугарски пасоши ќе успее да ги придобие како свои симпатизери, Каракачанов сигурно нема да престане да провоцира со подмолни изјави дека станува збор за заблудени луѓе, кои, откако го отсонувале својот лажен сон, се разбудиле како Бугари.
Еден од поинвентивните коментари на оваа тема деновиве се слушна од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, кој рече дека одговорот на овие прашања е од социо-економски карактер и дека „овие луѓе вадат бугарски пасоши за да отидат во земјите од ЕУ, да заработат по некој денар и повторно да се вратат во Македонија“. На ваков начин само се минимизира и се потценува достоинството на сите тие луѓе што се иселиле од Македонија, но не само за да заработат по некое денарче или, можеби, некое евренце или доларче, туку и да се оттргнат од задушувачката прегратка на деструктивните политики, меѓу другото и од оние на Николовски и неговите сопартијци, кои само го зголемуваат хаосот што им го загорчува секојдневието на обичните граѓани и на нивните семејства.

Достоинството на тие луѓе, кои како жежок костен го грабнуваат бугарскиот пасош, сè уште е притиснато и понижено на параходот што не е на пат на враќање, туку и понатаму е во насока на заминување.
Целата колумна на Ивица Челиковиќ за Слободен печат на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e